Данте Егзум, кошаркарот на Партизан ќе биде подготвен за третиот натпревар против Реал Мадрид во плеј-оф серијата во Евролигата, по немилите сцени кои во четвртокот се случија во Мадрид за време на вториот меч помеѓу овие два тима.
Егзум беше нокаутиран и повреден од страна на Јабуселе, и се чинеше дека го чека подолга пауза. Меѓутоа потоа прегледите покажаа дека повредата не е сериозна, а денеска навивачите на Партизан добија одлична вест дека Егзум го одработил целиот тренинг со екипата пред дуелот кој е на програмата утре.
Во тепачката која с случи на две минути пред крајот, беа повредени неколку кошаркари, а потоа Евролигата изрече и суспензии за тепачите, со што и двата тима влегуваат во третиот меч ослабени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА