Револтирани од историскиот пораз од вечниот ривал во првото српско дерби сезонава, навивачите на Партизан прво упатиле топовки удар кон тренерот Александар Станојевиќ, а подоцна и ја демолирале соблекувалната на својот тим по што настрадал самиот тренер, пренесуваат српските медиуми.
Револитрани од лошата игра и убедливиот пораз навивачите на Партизан го скршиле стаклото во соблекуваланта, а во таа прилика и настрадал тренерот Станојевиќ.
„Незадоволните навивачи го скршија стаклото и ме погодија со него. Ме расече, не дојде до физичка пресметка. Стаклото се скрши, имав крв. Малку е непријатно, но да не правиме театар или нешто“, вели тренерот на Партизан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА