Никола Миротиќ и Барселона денеска официјално ја прекинаа соработката која траеше во изминатите четири сезони. Со потврда од шпанскиот клуб кошаркарот со потекло од Црна Гора е слободен да ја бира новата дестинација.
Сепак и покрај разделбата останува отворено прашањето за компензацијата која му припаѓа на Црногорецот со оглед на тоа што шпанскиот гигант го раскинува договорот кој е во важност и за следните две години. Одговор на ова прашање ќе добиеме по одлука на судот во Шпанија.
Голема веројатност е дека следната дестинација за Миротиќ ќе биде Белград каде кошаркарот со богато НБА искуство се очекува да потпише договор со Партизан. Сепак во последните моменти се јавија и можни гласини за премин во Панатинаикос па останува да видиме дали 32-годишникот ќе замине по љубовта или по парите.
Миротиќ кој пропушти поголем дел од ланската сезона поради повреда се врати на теренот во месец декември, а оттогаш забележа просек од 15.4 поени и 4.3 скокови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА