Навивачите на Реал Мадрид против НБА Европа: Сакаме традиција…

Секој ден сме се поблиску до можноста Реал Мадрид да се откаже од Евролигата и да се сврти кон НБА Европа, сценарио кое не им се допаѓа на водечките навивачки групи на кралскиот клуб.

Присуството на претставници на Реал Мадрид на денешниот состанок на НБА Европа во Лондон беше јасен сигнал во кој правец се движат мислите на кралскиот клуб, но навивачите наклонети кон традицијата и вредностите ставија до знаење што мислат.

„Нашата желба е европска кошаркарска средина во која можеме да се натпреваруваме против историски тимови со силна кошаркарска традиција. Во сегашната состојба, ова не е она што се чини дека го нуди проектот НБА Европа, во кој Реал Мадрид би бил единствениот клуб од сегашната Евролига. Самостојното влегување во ова ново натпреварување, според наше скромно мислење, би било грешка “, се вели во соопштението на трите водечки групи на кралскиот клуб. 

Тие јасно порачаа дека не се за „Суперлига“ во кошарка, како што имаше во фудбалот пред неколку години, кога токму фудбалскиот клуб беше иницијатор, но таа лига никогаш не оживеа.

Се вчитува...