Навивачите на Реал веќе негодуваат поради Мбапе: „Баравте – гледајте…“

Реал Мадрид во голема мера ја заголеми цената на билетите за домашните натпревари во новата сезона. Причина за тоа е секако ангажманот на Килијан Мбапе, кој е новата голема ѕвезда на „кралскиот клуб“.

Сето тоа наиде на револт кај навивачите на клубот кои не се согласуваат со цените на билетите за првиот домашен натпревар против Ваљадолид, кои сега изнесуваат од 95 евра до 210 евра.

Интересно е тоа што Ваљадолид, кој сега се врати во Ла Лига, воопшто не е некој магнет за навивачите. Против такви клубови до минатата сезона цените беа околу 55 евра, а сега доаѓа поскапување и од околу 100 евра.

„Тоа е навистина големо поскапување. Очигледно е дека го плаќаме доаѓањето на Килијан Мбапе. Па, баравте – гледајте…“ – се дел од коментарите на реаловите навивачи.

Оние кои купиле, пак, сезонски билети велат дека сега најефтините биле 650 евра, а до минатата сезона за истите тие седишта цената била околу 500 евра.

Се вчитува...