Синоќа во Приштина, Косово ја дочека Романија во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2024 година. Натпреварот заврши без голови, а на Косово им беше поништен гол по прегледувањето на ВАР снимката.
Сепак, во центарот на вниманието беа романските навивачи кои на трибините провоцираа со извици „Косово е Србија“. Потоа фановите на гостите добија и ќотек, и беа исфрлени од трибината, и до крајот не можеа да го гледаат натпреварот.
Јасно е дека УЕФА е многу строга за политички скандирања, па романската федерација ја чека казна поради овие извици на нивните навивачи. Европската куќа на фудбалот веднаш почна постапка по повод овој скандал, и се очекуваат санкции за Романците.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА