Навивачите на Сакраменто не го сакаат Шариќ: „Покорисна е дупната гума“

Дарио Шариќ ќе игра за седмиот различен клуб во деветгодишната кариера во НБА откако премина од редовите на Денвер во Сакраменто како дел од размената на кошаркари која на спротивната страна го прати Јонас Валанчиунас.

Овој трејд наиде на негативни коментари кај навивачите на Сакраменто кои не се воодушевени што го загубија литванскиот центар за хрватскиот крилен играч кој игра под ниво во последните сезони.

„Добредојде, се надева“, „Што правиме ние?“, „Да бидеме искрени, покорисна е дупната гума“, „Наскоро и ќе си заминеш“, се само дел од негативните коментари кои можат да се најдат на социјалните мрежи.

Шариќ пред Денвер настапуваше и за: Филаделфија, Минесота, Феникс, Оклахома и Голден Стејт.

Се вчитува...