Навивачите на Самсунспор го „окупираа“ Скопје (ВИДЕО)

Вечерва ќе се одигра првиот плејоф натпревар од УЕФА Конференциската лига во кој македонскиот шампион Шкендија го пречекува турскиот Самсунспор на стадионот „Тоше Проески“ со почеток во 21 часот.

Ова е историски натпревар за двата тима бидјеќи прв пат Шкендија се наоѓа во нокаут фаза во европските натпреварувања, додека Самсунспор доаѓа со амбиција да обезбеди предност пред реваншот во Турција на 26 февруари.

Турските навивачи веќе пристигнаа во голем број и создаваат посебна атмосфера во градот. Групи фанови на Самсунспор се шетаат низ скопската Чаршија, пеат навивачки песни, се дружат и фотографираат, покажувајќи силна поддршка за својот тим.

Се вчитува...