Навивачите на Сантијаго Бернабе скандираа: „Чави, остани!“ (ВИДЕО)

За време на натпреварот помеѓу Реал Мадрид и Жирона кој заврши со 4-0 во корист на „кралевите“, интересна случка на трибините на „Сантијаго Бернабе“.

Навивачите на Реал Мадрид му скандираа на актуелниот тренер на Барселона Чави, и му посакаа да остане во таборот на „Каталонците“.

Сето тоа предизвика смеа кај Џуд Белингем и Тони Крос на клупата за резерви, кои беа повлечени од игра.

Реал Мадрид е лидер во Ла Лига со 61 бод, или 11 повеќе од Барселона која е на третата позиција. Чави по завршувањето на сезоната најави дека ќе си замине.

Се вчитува...