Навивачите на Сити нападнаа ѕвезда на тимот: Бараат од Гвардиола да донесе немилосрдна одлука…

Навивачите на Манчестер Сити очигледно се презаситени од една ѕвезда во својот тим, а тоа го покажаа откако нивниот тим синоќа загуби со 0-2 од Баер Леверкузен на „Етихад“ во Лигата на шампионите.

100-от натпревар на Гвардиола во Лигата на шампионите како тренер на Манчестер Сити сигурно е за заборав. Шпанецот направи 10 измени во тимот кој неодамна загуби од Њукасл со 2-1 во Премиерлигата, а единствениот играч кој го задржа своето место во тимот беше Нико Гонзалез.

Домашниот тим влезе во натпреварот непоразен во претходните четири европски натпревари, но забележа пораз на својот „Етихад“ против тим од Бундеслигата. Со овој пораз, Манчестер Сити падна на шестото место во лигашката фаза, додека Баер Леверкузен е на позиција број 13.

Малкумина играчи на Манчестер Сити можеа да го напуштат „Етихад“ со кренати глави, а еден играч доби жестоки критики. Бразилецот Савињо ги одигра сите 90 минути, но навивачите не беа задоволни од неговата изведба.

„Речиси е декември и не видовме ништо добро од него. Мора да го продадете. Оскар Боб и Савињо како крила не нудат апсолутно ништо. Тие немаат ширина, не се закануваат, не постигнуваат голови. Ни треба нов фудбалер во јануари. Савињо ме нервира. Човекот не нуди ништо… Савињо е доказ дека не мора да си талентиран за да бидеш професионален фудбалер“ – се дел од коментарите на навивачите на Сити.

Манчестер Сити повторно излегува на терен на 29 ноември кога ќе игра против Лидс Јунајтед, а потоа на 2 декември ги очекува дуелот со Фулам.

Се вчитува...