Манчестер Сити моментално е во голема криза и забележа дури пет порази во низа. Покрај тоа, нивниот најдобар играч Кевин Де Брујне е во последната година од договорот и засега нема вести за можно продолжување.
Белгиецот се појави на прес-конференција во пресрет на натпреварот од Лигата на шампионите против Феенорд. Очекувано најмногу прашања имаше за договорот. Но, Де Брујне одби разговори за договор со изговор дека „само сака да игра“.
„Знам дека луѓето ќе ме прашаат за тоа, но не се грижам. Среќен сум и сакам само да играм добар фудбал. Не брзам и се чувствувам удобно. Или ќе се договориме или ова ќе биде мојата последна година во Манчестер. Не сум загрижен“, изјави Де Брујне.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА