Навивачите на Тотенхен промашувањето од 42 милиони евра го наградија со свирежи

Тотенхем доживеа уште еден неуспех во Премиерлигата откако во 31. коло загуби на домашен терен со 2-3 во натпреварот против Борнмут.

Во суперинтересната средба „петлите“ откако успеаја да стигнат до изедначување од 2-2 во 88. минута преку прекрасниот гол на Данџума, имаа и шанса за целосен пресврт преку Ричиарлисон, но откако Бразилецот промаши зицер казната следеше на спротивната страна каде Оутара го шокираше домаќинот.

Ниеден од домашните играчи не блескаше на теренот, а посебно лош натпревар беше за стоперот Давинсон Санчез. 42 милионското засилување влезе во игра во 35. минута на местото на повредениот Ленгле, но со него на теренот Тотенхем прими уште два гола.

Колумбиецот беше заменет во 58. минута, а за лошиот натпревар доби и свирежи од навивачите на Тотенхем, нешто што ретко се гледа на натпреварите на лондонскиот тим.

„Ова е тежок момент за сите нас и мораме истиот да го анализираме. Сите мораат да сфатат колку е битно да му се даде поддршка на играчот“, прокоментира тренерот Кристијан Стелини по натпреварот.

Се вчитува...