Екипата на македонскиот репрезентативец Енис Барди, турски Трабзонспор во моментов го игра првиот натпревар од 1/16-финалето во УЕФА Конференциската лига против швајцарски Базел.
Мечот на почетокот мина и во знакот на почит за повеќе од 40.000 жртви во страотниот земјотрес на југоистокот од Турција.
Првенството во оваа земја е во прекин, неколку екипи се откажаа од натамошното натпреварување, а прв кој се врати на терен е Трабзонспор. Па, навивачите пред почетокот на мечот приредија неверојатна кореографија. Според многумина тоа е нешто досега невидено на фудбалските терени, најтрогателната кореографија…
Траката околу раката на спасителот и неговата заштитна кацига имаат порака за целиот свет. На кацигата се знамиња на земји кои ја помогнаа Турција, а на лентата на раката пишува „Ви благодариме“.
„Ќе се држиме заедно и ќе го преживееме ова. Заедно ќе ги залечиме нашите рани“ – порачаа од Трабзонспор.
Trabzonspor fans thank the emergency services with a tifo before their European clash vs. Basel, after the tragic recent earthquake in Türkiye. pic.twitter.com/7pSepEr8sE
— Football on BT Sport (@btsportfootball) February 16, 2023
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

