Навивачите на белградска Црвена Звезда се многу незадоволни од начинот на кој тимот го води Саша Обрадовиќ и по поразот од Панатинаикос (82:74) во натпревар каде црвено-белите ја имаа победата во свои раце, Делиите бараат смена на овој стручњак.
Откако се врати на клупата на клубот од Белград, Обрадовиќ работи под огромен притисок и навивачите го загубија трпението. Тие го обвинуваат 57-годишникот за бројните порази. Тврдат дека е скромен како тренер и дека има големо его поради кои тимот ги губи натпреварите.
„Се додека овој ќелав човек нè јаде со своето его. Здраво ретардирани, човекот има буџет од 30 милиони, а има пет порази на душа, ако не и повеќе. Треба да биде отпуштен на крајот од сезоната. Ликот има големо его, мисли дека е над тимот и играчите.“
„После ова, Саша треба да си даде отказ од работа и да го пушти Томовиќ да дојде“, беше пораката на друг навивач, заедно со еден куп пцовки кон тренерот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

