Фудбалерите на Црвена звезда го победија Партизан во саботата на стадионот во Хумска со резултат 1:2 со головите на Тими Макс Елшник и Немања Радоњиќ.
Српскиот шампион освои големи три бода на стадионот на својот најголем ривал и со тоа направи најдобра можна увертира пред натпреварот против Селтик во среда во Лигата на Европа.
Црвена Звезда поведе токму кога Партизан организираше одлични напади и го задаваше проблеми на Матеус, а словенечкиот репрезентативец Тими Макс Елшник стрелаше во противничката мрежа. Меѓутоа самиот тој не го прослави погодокот, што отвори многу сомнежи кај навивачите, кои беа лути на ваквиот потег.
Со оглед дека во последен момент му пропадна трансфер во Трабзонспор, фановите помислија дека тоа е причината за непрославувањето на голот.
Самиот Елшник се погрижи да нема сомнежи, па истакна дека и самиот бил изненаден од голот, мислејќи дека е офсајд.
„Луѓе, бев сигурен дека е офсајд. Не измислувајте драми, ве молам. Напред, Звезда“, напиша Елшник на „Икс“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

