Навивачите на Зенит со транспарент против ФИФА и УЕФА: Рекоа дека во фудбалот нема место за политика…

И покрај случувањата во Украина, во Русија фудбалското првенство е во полн ек. Фудбалерите на Зенит вчера го совладаа тимот на Арсенал Тула со убедливи 3-0 во 22. коло од првенството.

Интересно беше и на трибините, каде што навивачите на рускиот првак имаа што да им порачаат на челниците на ФИФА и на УЕФА кои ги исфрлија сите руски екипи и репрезентации од натпреварувања.

Фановите имаа транспарент на кој се претставници на ФИФА и УЕФА со „пругасти пижами“ и со натпис: „Во фудбалот нема место за политика, рекоа“.

Се вчитува...