Навивачите на Звезда со специјални маици на дербито со Партизан во Евролигата

Црвена звезда и Партизан во четврток од 20 часот ќе го одиграат првото вечно дерби сезонава во Евролигата.

Навивачката група на Црвена звезда ги повика црвено-белите навивачи да дојдат на натпреварот против Партизан во специјални маици, бидејќи четврток е годишнина од трагичната смрт на навивачот на Црвена звезда, Марко Ивковиќ:

„Ѕвездаши, Делии… 21.11. играме евролигашко дерби во Арена. На тој ден пред точно десет години во Истанбул животот го загуби нашиот брат Марко Ивковиќ. Ги повикуваме сите да дојдат на дербито облечени во маички посветени на него! Да се ​​потсетиме дека времето не значи ништо кога се работи за луѓе како нашиот Марко и како што одминуваат годините уште повеќе го споменуваме и паметиме“, се вели во објавата.

Се вчитува...