Поранешните македонски репрезентативци Тодор Гечевски и Лестер Бо МекКејлеб, членови на извонредната генерација на Македонија која во 2011 година не донесе до четвртото место во Европа, се избрани во идеалните петорки на Задар односно Партизан согласно изборот на навивачите а при гласањето на официјалната интернет страница на АБА лигата.
Лестер Бо Мекејлеб, кој беше член на Партизан во 2009 и во 2010 година, е избран во идеалната петорка на „црно-белите“, а Гечевски како еден од најзабележителните кошаркари на Задар во периодот од 2004 до 2009 година, кога настапуваше за хрватскиот клуб.
Беа избирани и идеални петорки за Црвена Звезда, ФМП и Цедевита Олимпија и Цибона, но Перо Антиќ, Владо Илиевски и Предраг Самарџиски не се најдоа во најтесниот избор за идеалните петорки.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА