Францускиот фудбалер Адриан Рабио кариерата ќе ја продолжи во Марсеј откако постигна договор како слободен играч да се врати назад во татковината каде во минатото ги бранеше боите на ПСЖ и Тулуз.
Дваесетидветгодишникот пристигнува во Марсеј на големо задоволство на навивачите на овој славен француски клуб, но новинарот Даниел Риоло ги смири стастите предупредувајќи ги фановите на клубот од „Велодром“.
„Прилично неверојатно е ова што го направи Марсеј. Да го убедат Рабио да прифати речиси двојно помала плата и да се пресели во Марсеј е неверојатно. Но навивачите не треба да паѓаат во несвест, треба да бидат внимателни бидејќи никој ви Европа не го сакаше!“, вели Риоло.
Контроверзниот Рабио последниот настап го имаше во дресот на Јувентус.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА