Арне Слот, новиот тренер на Ливерпул, засега одлично се покажува на клупата на „црвените“, и ги поместува границите. Оствари нов историски резултат со својот тим, и го има најдобриот старт во историјата.
Во средата Ливерпул го совлада Лајпциг на гостински терен со 0:1 во Лигата на шампионите, па Слот успеа да го направи она што никој досега не го направил со „црвените“.
Имено, Ливерпул од почетокот на сезоната има 11 победи од 12 натпревари (еден пораз) и првпат во историјата на клубот на тој начин се отвора натпреварувачката година.
Исто така, Слот стана првиот тренер на Ливерпул кој победил на првите шест гостувања во низа, а тимот под негово водство досега има примено само пет гола (само еден во Лигата на шампионите во три кола).
Единствениот пораз на Ливерпул во досегашниот тек од сезоната го имаше на „Енфилд“ и тоа против Нотингем Форест (0:1).
Иако многу навивачи на Ливерпул беа тажни кога Јирген Клоп го напушти клубот ова лето, тие сега имаат нов миленик и долгогодишен тренер.
Викендов Ливерпул го очекува дерби против Арсенал во Премиер лигата, потоа дуел со Брајтон во Купот, па во првенството, додека 5 ноември е резервиран за пресметка со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА