Навивачите во шок за Арда Туран: На што личиш човеку?

Некогашниот фудбалер на Атлетико Мадрид и на Барселона, а сега дел од Галатасарај Арда Туран, ги шокираше навивачите на Галата за војот изглед по враќањето на теренот.

Тој поради повреда не играше четири месеци, но неговото враќање на теренот предизвика огромни реакции на навивачите на социјалните мрежи.

И навистина, Туран после вчерашноот појавување на терен покажа дека се „запуштил“ и дека уживал во храната, па така сега има и некој килограм повеќе.

„Овој не личи повеќе на фудбалер“, „На што личиш човеку?“, беа дел од коментарите на навивачите.

Туран влезе во игра во 62. минута, но не придонесе Галата да го избегне поразот од Гиресунспор (0-1).

Се вчитува...