Навивачите во тотално неверување: „Роналдо е готов, тешко е да го гледаш“

Кристијано Роналдо и неговиот Ал Наср имаат тежок старт во новата лигашка сезона. Откако во првото коло беа поразени од Ал-Етифак, Ал Наср претрпе пораз и во второто коло, овојпат од Ал Тавун со резултат 2-0.

Роналдо стартуваше во стартниот тим за Ал Наср, покрај други големи имиња како Садио Мане, Марсело Брозовиќ, Андерсон Талиска и Сек Фофана.

Сепак, тие не можеа да ја сопрат ѕвездата на Тавун, Леандре Тавамба, кој им донесе шокантно водство на гостите во 20. минута.

Роналдо имаше шанса да израмни за својот тим по добар потег, но Португалецот не се снајде најдобро пред голот. Тој излезе очи в очи со голманот на домашниот тим, но наместо удар се реши на покомплицирана опција. Португалецот се обиде да го заобиколи голманот, но се заплетка и пропушти одлична шанса.

Навивачите не можеа да поверуваат што гледаат од еден од најдобрите фудбалери во светот, а некои почнаа да коментираат како легендата на Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед почнува да покажува пад во својата игра.

Еден твитна: „Искрено тажно е да се види оваа есен…“

Друг коментираше: „Готов е“.

 

Се вчитува...