Навивачите загрижени: Доминацијата на Дончиќ остана во сенка на поведата на Леброн (ВИДЕО)

Кошаркарите на ЛА Лејкерс забележаа нова победа, совладуваќи го Хјустон со преубедливи 140-109. Победата која ја одбележа доминацијата на Лука Дончиќ кој постигна 39 поени го осигра третото место на табелата во пресрет плеј-офот, но навивачите имаат причина за загриженост бидејќи се повреди Леброн Џејмс.

Фантастичниот американски кошаркар одигра само 22 минути на натпреварот по што мораше да излезе од игра поради повреда на препони во третата четвртина.

Засега нема детални информации за каква повреда станува збор. Загриженоста е поголема бидејќи Џејмс заработи повреда без контакт, но пак остана на клупата за резерви до крајот на средбата и не замина во соблекувалната.

Се вчитува...