Каи Хаверц беше еден од трагичарите во елиминација на Арсенал од Манчестер јунајтед во ФА Купот на Англија.
Промашениот пенал, но и промашувањата негови во текот на мечот, очигледно не можеле да ги заборават најреволтираните навивачи на „топчиите“ кои на крајно вулгарен начин, срамно, се нафрлиле на неговата сопруга Софија.
Дел од хулиганите поддржувачи на Арсенал се нафрлиле на Софија испраќајќи и шокантни пораки преку социјалните мрежи, па сопругата на Германецот се одлучи да ги сподели во јавноста.
„Се надевам дека ќе имаш спонтан абортус… Ќе дојдам дома и ќе ви го заколам нероденото дете…“ – се само дел од нереалните пораките кои ги добила Софија, а по кои преку социјалните мрежи ја сподели и својата порака.
„Шокантно е тоа што постојат луѓе на кои им е прифатливо да пишуваат вакво нешто. Се надевам дека се срамите сами од себе“ – напиша Софија.
📲 Kai Havertz’s wife, Sophia, on Instagram.
Disgusting & unacceptable behaviour. 🤬 pic.twitter.com/cWsjMOw19Z
— afcstuff (@afcstuff) January 12, 2025
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА