Со големо задоволство ги повикуваме сите љубители на природата, планинари од сите возрасти, мајки, деца, пензионери и миленици да се приклучат во навивањето и бодрењето на учесниците на планинскиот маратон Водно-Матка.
Настанот „Водно-Матка Треил Маратон” е закажан за 31.03.2019, а активности на планината Водно и кањонот Матка ќе има во текот на целиот ден – од 8 до 19 часот. Чест ни е да кажеме дека на второто издание имаме над 400 натпреварувачи од 20 држави, па ред е да се покажеме како одлични домаќини и за оние од страна, но и за големиот број на нашите домашни планински тркачи, ентузијасти и волонтери на настанот.
Планинските патеки каде ќе се одвиваат трките се соодветно обележани со црвено-бели ленти и патокази „Водно-Матка”. Организацијата советува до сите планинари доколку наидат на тркачи со видлив стартен број, да направат простор за минување и да навиваат.
Во прилог ви ги пуштаме точките и саатниците кога најголем дел од тркачите би минувале:
Старт 42км – 08 часот – Полиција, населба Водно
Старт 26км – 09 часот – Полиција, населба Водно
● Средно Водно – 08-09:30 часот● Марково Крувче – 08:30 – 10:00 ● Врв Водно (ФИНИШ) – 09:00-19:00 ● Бункери – 09:10 – 14:30 ● Седло после бункери 09:30 – 16:00 ● Кота – 09:45 – 13:00 |
● Кајакарски Мост Матка 10:00 – 14:30● Св. Недела, Матка – 10:30 – 13:30 ● Св. Никола Шишевски 10:00 – 15:30 ● Горно Нерези – Македонско Село 11:30 – 17:00 ● Полјанка над Св. Петка – 10:00 – 13:30 |
ФИНИШ – Врв Водно – Планинарски дом „Даре Џамбаз”
Се гледаме на Водно и Матка!!
Видео – https://youtu.be/BbMuSxrm3VU
Веб – www.vodnomatka.mk
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА