Навратилова предизвика „бура“: Имате пе.ис а сте се облекле како жена за тенис… Дали е тоа нормално!?

Легендарната чешка тенисерка Мартина Навратилова предизвика лавина реакции со свој коментар на Твитер околу трансродните личности во спортот…

„Тоа не може да биде исправно. Не можеш само да се прогласиш за жена, па да се натпреваруваш во женска конкуренција. Мора да постојат некои стандарди. Имаш пе.ис потоа се облечеш само како жена и одиш да играш во женска конкуренција. Дали е тоа нормално? Се работи за чесност и праведност. Тоа сигурно не е праведно“ – напиша 62-годишната Навратилова на Твитер.

Предизвика тоа веднаш лутина кај трансродната заедница. Прва на Навратилова и одговори Рашел МекКинон, канадска велосипедистка и активистка за права на трансродните личности која се родила како машко, го промени потоа полот и неодамна победи на велосипедска трка.

„Спортот не се игра со гениталиите. Како тоа точно се поврзани пе.исот и тенисот? Разбирша ли Мартина? Јас сум трансродна личност и светска шампионка. Ако кажуваш дека ние не треба да се натпреваруваме во женска конкуренција, тоа е став против трансродните личности“ – напиша Канаѓанката, барајќи Навратилова да се извини.

„Жал ми е што мојот коментар многумина го разбраа како да сум против трансродните личности. Не мислев ништо лошо. Ќе мора подобро да се едуцирам на оваа тема, а до тогаш ќе замолчам“ – одговори Навратилова која во 1981 година откри дека е хомосексуалка и активистка на ЛГБТ организацијата.

 

 

 

Се вчитува...