Со зголемувањето на температурите, побарувачката за клима уреди традиционално расте, а со тоа се продолжуваат и роковите за испорака и монтажа. Токму затоа, навременото купување клима уред не е само прашање на удобност, туку и паметна инвестиција. Купувањето пред почетокот на летната сезона овозможува поголем избор на модели, побрза инсталација и избегнување на сезонскиот метеж кога сервисните тимови се најангажирани.
Во современите домови и деловни простори, особено значајна улога имаат инвертер клима уредите. Оваа технологија овозможува континуирано одржување на посакуваната температура со автоматско прилагодување на работата на компресорот. Резултатот е помала потрошувачка на електрична енергија, потивка работа, подолг работен век и зголемен комфор – како во летниот, така и во зимскиот период.
Во своето портфолио, VIVAX ги издвојува инвертер сериите R+ Design, H+ Design, M Design и N Design, создадени да одговорат на различни потреби и типови простории. Овие модели комбинираат висока енергетска ефикасност, современ дизајн и напредни функции за прецизна контрола на температурата. Без разлика дали станува збор за дом, канцеларија или деловен објект, VIVAX нуди сигурно решение со оптимизирана потрошувачка, стабилни перформанси и долготрајна доверливост.

Токму во пресрет на сезоната на ладење, VIVAX ја започнува својата предсезонска кампања, која трае од 01 март до 30 април 2026 година. Во рамки на акцијата, со купување на било кој модел од VIVAX клима уредите, потрошувачите добиваат ГРАТИС МОНТАЖА ВО РОК ОД 3 РАБОТНИ ДЕНА.

Оваа поволност им овозможува на купувачите навремено да го подготват својот простор за топлите денови, без дополнителни трошоци за инсталација и без чекање во екот на сезоната. Со брза и професионална монтажа, клиентите добиваат комплетно решение – од избор до функционален и подготвен систем за ладење.
Со оваа иницијатива, VIVAX уште еднаш ја потврдува својата посветеност кон континуиран квалитет, ефикасност и долгорочна соработка, нудејќи им на потрошувачите сигурност, заштеда и комфор – токму тогаш кога им е најпотребно.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
