Тренерот на МЗТ Скопје, Анте Назор, смета дека неговата екипа ја заслужи вечерашната победа над Карпош Соколи, втора во финалната серија за водство од 2-1, бидејќи го контролираа мечот од самиот почеток. Сепак, Назор истакна дека овој триумф брзо ќе биде заборавен, бидејќи фокусот мора да остане на максимално ниво, за неговиот тим да ја обезбеди третата победа – за одбрана на шампионската титула.
„Заслуживме да победиме, тоа е неспорно. Моите играчи ја контролираа средбата од почеток, покажавме цврст карактер кога беше најпотребно. Но, овој натпревар треба веднаш да се заборави и да се концентрираме на следната средба, бидејќи таков е ритамот на оваа финална серија, едноставно нема време за ништо друго освен да останеме фокусирани. Се надевам дека ќе одиграме подобро од последниот пат кога гостувавме во салата „Борис Трајковски“. Во мојата тренерска кариера не ги коментирам работите кои немаат врска со кошарката, вечерва имаше доста такви ситуации кои немаа врска со овој спорт“ – изјави Назор по натпреварот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА