МЗТ Скопје се разбуди и ја оствари првата победа во АБА – лигата во 2017 година. „Металците“ на домешн терен го совладаа Задар убедливо (92-65) и побегнаа од последното место на табелата. Тренерот Анте Назор е задоволен од остварениот триумф, и вели дека тимот го разбудил тимскиот дух во себе.
„Сметам дека го контролиравме мечот уште од почетокот. Добро се подготвивме за противникот, имавме три етапи на работа. Битката во скокот ја добивме, имавме зголемени напади и помалку загубени топки. Направивме чекор напред, го разбудивме тимскиот дух. Во првите пет минути му покажавме на противникот дека ќе биде тешко да земе бодови, а исто така, во воведните пет минути од третата четвртина дававме лесни поени и ја одржувавме предноста. Одбраната беше далеку подобра од претходно, но сепак, имавме пак некои глупости кои мора да ги поправиме. Ова ни е важна победа за самодовербата, покажавме дека како тим не сме заборавиле да играме кошарка. Имаме квалитетен ростер кој мора да биде борбен и да игра тимски. За мене, ова беше доста емотивен меч, затоа што во минатото го имам водено Задар и му посакувам се најдобро во иднина“, изјави Анте Назор по убедливиот триумф над хрватскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА