Назор: Јас сум виновен за поразот од Работнички….

Анте Назор, тренерот на МЗТ Скопје  го доживеа првиот пораз во македонската Прва лига сезонава. По мечот потенцираше дека неговиот пристап кон натпреварот беше тактички погрешен.

Неговите избраници бркаа резултат уште од самиот почеток, но не успеаа да се вратат, а Назор ќе треба многу да работи со своите кошаркари за следиот противник Карпош соколи, двобојот кој ќе го играат за четири дена.

„Се виде дека противникот повеќе ја сакаше победата. Од почетокот го наметнаа својот ритам и го контролираа мечот. Нас ни недостасуваше агресивност и во нападите и во одбраната. Не одигравме како што треба, не бевме доволно брзи во реализацијата, па тоа тое не чинеше бодови. Не игравме во нашиот претпознатлив стил, Работнички се бореше за секоја топка, сакаа скок повеќе, го користеа секој слободен простор за шут. За оваа лоша игра на мојата екипа ја сум виновен. Се подготвував за овој меч како и за секој, во ниту еден случај не ги потценив Работнички. Но, едноставно не бевме подготвени како што обично знаеме да бидеме, многу опуштено влеговме во натпреварот, не смее уште еднаш да се случи истото.  Им честитам за победата и на убавата атмосфера во салата“ – ни изјави Назор по дуелот во „Градски парк“.

Се вчитува...