Назор: Публиката имаше што да види, штета што не дојде во поголем број

Анте Назор има причина за задоволство откако МЗТ Скопје рутински триумфираше во пресметката со Кожув, обезбедувајќи место во полуфиналето од Купот на Македонија.

Честитки на моите момци за победата. Беше тешка средба иако ја контролиравме од самиот почеток, им честитам и на противниците на агресивниот настап и желбата за позитивен резултат. Мислам дека публиката имаше што да види, штета што не дојде во поголем број. Прерано дојдовме до комотно водство, па моите кошаркари малку се опуштија. Противникот се врати благодарение на офанзивниот скок, но ние покажавме срце и карактер, па и кога не играме најдобро што можеме сепак знаеме како рутински да победуваме“ – изјави Назор.

Ѓорѓе Дреновац уште еднаш потврди дека е еден од лидерите на македонскиот првак, заедно со Џош Скот предводејќи ги „метаалците“ до овој триумф.

Знаевме дека мораме да дадеме се од себе, дека нема лесен противник. Дадовме се од себе, победивме и завршивме една третина од работата за која дојдовме овде. Ни останува кратко време за да се одмориме и да се подготвиме за следниот натпревар. Нема да ни биде лесно, играме против домаќинот кој ќе стори се за да изненади, но ние како и на секој натпревар, и во ова полуфинале ќе играме на победа“ – истакна Ѓорѓе Дреновац.

Се вчитува...