Дваесет и првото коло во регионалната АБА лига му ја донесе Олимпија Љубљана како противник на македонскиот шампион МЗТ Скопје. Словенечкиот клуб во минатото коло загуби на домашен терен од Карпош соколи, за кои воедно тоа беше прв триумф на гости, па „металците“ сакаат да ја искористат ниската самодоверба на противникот во своја корист.
Акцентот мора да биде ставен на одбраната, смета тренерот на клубот од Аеродром, Анте Назор.
„Очекувам тежок натпревар против квалитетен противник кој сепак во последно време некако испадна од посакуваниот ритам особено по поразот од Карпош соколи. Нивната игра осцилира и во самиот тек на натпреварот и тоа треба да биде наша шанса за изненадување. Ќе мора да покажеме поголема желба и агресивност и со нешто поголема ротација би можеле да дојдеме до посакуваниот триумф. Нашата шанса ја гледам во контролата на нивниот скок бидејќи ривалот има одлични скокачи во нападот. Мора да осигураме повеќе напади за себе, што воедно е еден од начините со кои би дошле до победа. Ништо од ова нема да биде важно ако не бидеме максимално агресивни во одбраната, нешто што сакам да биде заштитен знак на оваа екипа“ – вели Назор.
Добрата игра против Мега лекс во минатото коло мора да ги води кошаркарите на МЗТ Скопје на денешниот натпревар, смета Ксавиер Темс.
„Против Мега лекс покажавме дека знаеме и можеме да одигграме квалитетно особено кога сме сите на број. Олимпија е незгоден противник кој сиурно ќе сака да се извади за неодамнешниот пораз од Карпош околи, но верувам дека ќе собереме сили за да изненадиме“ – истакна Темс.
Натпреварот е на распоредот во 21.00 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА