Патрик Беверли сезонава ја почна во дресот на ЛА Лејкерс, лани заработи 13 милиони долари за една сезона, но одличниот плејмејкер има „змија во џебот“, особено кога станува збор за плаќање на луѓето кои се грижат за неговиот имиџ.
Така, Беверли во едно интервју за американските медиуми обелодени дека веќе не користи услуги на фризер бидејќи трошел премногу пари на тоа.
„Тие момци стануваат безобразни. Мислам, доаѓаат кај мене дома, ќе ме ишишаат за дваесетина минути и потоа ќе ми побараат 300 долари. Тоа се убави пари, секоја недела добиваат по 300 долари. Затоа, од мене веќе не добиваат ништо, престанав и да се шишам“, изјави Беверли.
Искусниот плејмејкер има 34 години, а во кариерата има заработено 91 милион долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

