НБА во неверување! Со овие зборови американските медиуми ја опишаа шокантната вест дека Лука Дончиќ заминува во Лос Анџелес Лејкерс, во трејдот со Далас Маверикс.
Ентони Дејвис, пак, оди во спротивна насока, заедно со Макс Кристи. Покрај Дончиќ, на Лејкерси им се приклучуваат и Макси Клебер и Маркиф Морис, а Маверикс добија и пик од првата рунда на драфтот во 2029 година.
ЕСПН објави и дека Јута Џез исто така се вклучени во трејдот и ќе го добијат Џејлен Худ-Шифин и два пика од втората рунда на овогодинешниот драфт.
25-годишниот Дончиќ брзо стана еден од најпродуктивните играчи во НБА лигата од неговото доаѓање во 2018 година. Дејвис, пак, девет пати беше селектиран во Ол-стар тимот, а оваа сезона во 42 натпревари има просек од 25,7 поени, 11,9 скока, 3,4 асистенции и 2,1 блокади.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА