НБА: Десет позитивни случаи на Ковид-19 во Атланта

Атланта Хокс, поранешниот клуб на нашиот Перо Антиќ се соочува со огромен проблем откако по последните тестирања дури десет кошаркари се заразени со Ковид-19 со тоа што на постоечката листа се додадени уште две имиња – Џон Колинс и Џејлен Џонсон.

Тренерот Нејт Мекмилан во моментот може да смета на само неколку кошаркари меѓу кои е и Богдан Богдановиќ, а ваквата ситуација тешко се одрази на резултатите. „Јастребите“ во последните 12 меча победија само четири пати па паднаа на 11. место на табелата во источната конференција.

Се вчитува...