НБА ги објави комплетните листи за Ол-стар мечот: Деби за Венбанјама

НБА ги објави комплетните листи со кошаркари кои ќе настапат на годинашниот „Олстар меч 2025“, кој се игра од 15. до 17. февруари, комплетирајќи ги составите на Источната и Западната конференција.

Стартерите, како што е познато, беа избрани од фановите. На Истокот тоа се Џејлен Брансон, Донован Мичел, Јанис Адетокунбо, Џејсон Тејтум и Карл-Ентони Таунс, а сега дополнети и со Џејлен Браун (Бостон), Паскал Сијакам (Индијана), Дариус Гарланд (Кливленд), Кејд Канингем (Детроит), Еван Мобли (Кливленд), Дејмијан Лилард (Милвоки) и Тајлер Хиро (Мајами). На Истокот, изненадувачки, ќе го нема Тре Јанг, кој по вторпат е изоставен и покрај импресивниот просек од 22 поени и 10 асистенции.

Покрај стартерите за Западот, Стеф Кари, Шеј Гилџес-Александер, Кевин Дурант, Леброн Џејмс и Никола Јокиќ, ќе бидат и Ентони Едвардс (Минесота), Ентони Дејвис (Лејкерс), Џејмс Харден (ЛА Клиперс), Џерен Џексон (Мемфис), Алперен Шенгун (Хјустон), Џејлен Вилијамс (Оклахома) и Виктор Вембанјама (Сан Антонио), за кого ова ќе биде прво учество на олстар-натпревар.

Како што е вообичаено, стартерите се избираат врз основа на системот, 50% гласови на навивачите, 25% гласови на медиумите и 25% гласови на играчите. Останатите 14 учесници на Ол-стар ќе бидат избрани од тренерите, а одлуката ќе биде објавена на 30 јануари.

Од оваа година, „Олстар мечот“ ќе има нов формат, со три одиграни натпревари, 24 играчи поделени во три тима, а избрани од Шекил О’Нил, Чарлс Баркли и Кени Смит. Четвртиот тим ќе го сочинуваат дебитанти и играчи од турнирот „Ѕвезди во подем“. Ќе се одиграат два полуфинални натпревари, а победниците ќе играат во финалето. Натпреварите ќе се одвиваат со брзо темпо, а победник ќе биде тимот кој ќе стигне прв до 40 постигнати поени.

Се вчитува...