Завршницата на НБА-лигата се соочува со хаос откако тимот на Милвоки одби да излезе на терен на дуелот против Орландо Меџик. Одлуката е донесена во знак на револт за новото полициско насилство и пукањето од полицајци во невооружениот Џејкоб Блејк со неколку куршуми во грб. Ова беше уште еден во серијата инциденти во кои жртви на полициската брутланост се Афромаерканците.
Кошаркарите на Орландо се појавиле на паркетот за загревањето, но откако виделе дека противниците ги нема на терен и тие си заминале од салата.
Бојкото на Милвоки повлече експресна реакција на НБА. Лигата реши да ги одложи и дуелите Хјустон-оклахома и Лос анџелес Лејкерс-Портланд. Дополнително ќе бидат одредени новите термини за одигрување на средбите.
The NBA and the NBPA today announced that in light of the Milwaukee Bucks’ decision to not take the floor today for Game 5 against the Orlando Magic, today’s three games – MIL-ORL, HOU-OKC and LAL-POR have been postponed. Game 5 of each series will be rescheduled.
— NBA (@NBA) August 26, 2020
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА