НБА хаос вечерва: Одлука за последните три плејоф места на Западот

Борбата за преостанатите три места во плејофот на Западната конференција на НБА носи вистински хаос низ вечерашните последни натпревари од регуларниот дел на сезоната.

Оклахома, Хјустон и Лос Анџелес Лејкерс се сигурни, а голема шанса да им се приклучи има и Денвер, кој моментално е четврти во поредокот со скор од 49-32, исто како и Лос Анџелес Клиперс. Победи помалку имаат Минесота и Голден Стејт, Мемфис собра вкупно 47, додека во плејофот се и Сакраменто и Далас.

Вечерва од 21:30 часот, кога на распоред се сите натпревари на Западот, Денвер на гостински терен игра против второпласираниот Хјустон.

Победата на Нагетс им го обезбедува четвртото место и предноста на домашниот терен во првата рунда од плеј-офот, а во тој случај противникот ќе биде подобриот од дуелот меѓу Вориорс и Клиперс.

За Денвер, поразот од Рокетс може да ја искомплицира ситуацијата, па дури и да ги исфрли во плеј-офот, на седмата позиција.

Ова ќе се случи доколку заедно со поразот од Денвер, Вориорс победат над Клиперс, а Минесота триумфира над Јута Џез.

Се вчитува...