НБА и ФИБА ја потврдија можноста за формирање заедничка нова лига во Европа која ќе парира на Евролигата.
Комесарот на НБА лигата, Адам Силвер, придружуван од генералниот секретар на ФИБА, Андреас Загклис, истакна дека тоа е централна тема за време на дводневниот состанок на Управниот совет кој заврши вчера.
„Сега е време да се преселиме во следната фаза. Сопствениците на НБА понудија ‘ентузијастичка поддршка’ за таков потег“ – рече Силвер.
Како што информираат веќе подолго време НБА и ФИБА разговараат за ново годишно натпреварување во Европа или дури и НБА лига на Стариот континент.
„Излегувајќи од најуспешните светски шампионати и Олимписки игри досега, ние исто така веруваме дека сега е вистинското време да го направиме следниот чекор за клупската кошарка“ – истакна и Андреас Загклис.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА