Челниците на НБА лигата желни се за влез на европскиот кошаркарски „пазар“. Па, заедно со ФИБА подготвуваат план за создавање нова европска елитна лига која ќе биде жестока конкуренција на Евролигата.
Според информациите од „Спортико“, НБА веќе подготвува договор ФИБА и заедно се во преговори за формирање „Европска лига“ со квалитетни европски, но и неколку азиски клубови. Проектот треба да носи приход од дури три милијарди евра годишно. Носител на целокупната идеја е НБА комесарот Адам Силвер, а со него во тимот се вклучени уште многу значајни лица од ФИБА и од американската кошаркарска асоцијација.
Желбата на НБА е да ги привлече најсилните европски клубови, во кој случај би значело и распад на Евролигата во актуелниот формат.
Евролигата, но како Европски Куп на шампиони постои од далечната 1958 година, но последниве години има се погласни критичари на начинот на кој функционира поради што постои сериозен интерес од многу фактори за нејзино преуредување.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА