НБА ќе добие прва жена тренер?

Историски период за тренерската струка се случува во НБА – лигата. По објавата дека тимот на Феникс санс од наредната сезона ќе го води Игор Кокошков, прв тренер кој доаѓа надвор од Северна Америка, на прагот е уште една голема револуција. Како што пренесува „ЕСПН“, Беки Хамон е на добар пат да стане првата жена која ќе биде главен тренер на еден клуб во најквалитетната кошаркарска лига во светот.

Таа e асистент на Грег Попович во стручниот штаб на Сан Антонио, а била поканета на разговор за да го преземе кормилото на Милвоки бакс. Доколку преговорите завршат позитивно, Хамон ќе стане првата жена тренер во НБА – лигата. Претходно, Беки Хамон стана и првата жена тренер – асистент во НБА – лигата.

Италијанскиот стратег Еторе Месина, кој исто така е асистент во стручниот штаб на Сан  Антонио, е уште еден од кандидатите за клупата на Милвоки бакс.

Се вчитува...