НБА кошаркар осуден на 120 дена затвор

Одличниот кошаркар на Минесота Тимбервулсв, Малик Бизли доби пресуда од судот во Минеаполис од 120 дена казна затвор поради поседување на наркотички средства и украдени предмети за кои не е разјаснето како се нашле во неговиот автомобил.

Сепак, поради соработка со судот и признавње на Бизли ќе му биде дозволено казната да ја отслужи по завршувањето на НБА сезоната. На крајот конечниот епилог најверојатно ќе биде дека тој наместо во затвор тие 120 дена ќе ги помине во куќен притвор.

Бизли пред некое време беше во центарот на јавноста поради тоа што ја исфрли сопругата и детето од својот дом и сето тоа поради врската со поранешната сопруга на Скоти Пипен.

Се вчитува...