Џејон Кид, поранешната американска кошаркарска ѕвезда, член на Куќата на славните и сегашен тренер на Далас Маверикс стана дел од групацијата „Френклин“ која во декември минатата година го купи англискиот фудбалски премиерлигаш Евертон.
За Кид кој има акции и два американски фудбалски тимови кои се натпреваруваат во второто по ранг тамошно првенство е големо задоволство што станува дел од клуб исполнет со историја во битен момент, како што вели самиот.
„Чест и задоволство ми е што ќе бидам дел од сопствеништвото на Евертон во толку битен момент: со нов стадион на повидок и светла иднина. Ова е правиот момент да бидам дел од клубот“, изјави Кид.
Евертон по турболентниот старт на сезоната успеа да ги надмине проблемите и на чело со Дејвид Мојс да обезбеди премиерлигашки статус и за следната сезона, која воедно ќе биде и прва сезона на новиот стадион кој ќе биде со капацитет од речиси 53 илјади места.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА