НБА легенда ќе му биде тренер на Никола Јокиќ

Легендарниот НБА кошаркар, Џеј-Џеј Бареа ќе биде нов помошен тренер во Денвер Нагетс и ќе работи под водство на Дејвид Аделман, пренесува инсајдерот Шамс Чараниа.

Освојувачот на титулата во 2011 година со Далас Маверикс помина 14 години во НБА лигата. Најголем број на настапи забележа за Далас Маверикс, а настапуваше и за Минесота.

Сега 41-годишникот помина и една сезона како помошен тренер во Далас, а минатата сезона седеше на клупата на порториканскиот клуб Метс, но доби отказ поради лошиот старт на сезоната.

Се вчитува...