По одличниот старт на сезоната Лос Анџелес Лејкерс мака мачи забележувајќи само три победи во последните 11 натпревари. Тоа предизвика лавина на реакции во кошаркарската јавност во САД, а на полемиката и се приклучија и легенди како Пол Пирс и Кевин Гарнет.
Говорејќи на подкаст поранешните соиграчи во Бостон ги споделија своите мислења. Според Пирс шанса треба да добие синот на Леброн Џејмс, Брони кој во моментот настапува во „Џи-лигата“, а од тимот да замине Ентони Дејвис. Со тоа ќе се исполни долгопосакуваната желба на Леброн да игра со својот син, а и ќе му се врати мотивацијата.
„Оваа сезона треба да им биде посветена на Леброн и Брони. Сите сакавме да ги гледаме како играат заедно. Да уживаме во големината на Леброн додека можеме. Ако можат треба и да го трејдуваат Ентони Дејвис за млади играчи за иднината. Не можеш да го трејдаш Леброн. Го трејдаш Дејвис, го враќаш Брони до крајот на сезоната и ги оставаш да си ја завршат работата.
Леброн постави нови рекорди, нема што да докаже. Со години се што сакаше да направи е да игра со својот сон. Сега кога е тука, извадете го од Џи-лигата и оставете ги да играат заедно“, изјави Пирс.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

