Поранешниот славен НБА кошаркар, а денеска стручен аналитичар, Чарлс Баркли застана во одбрана на Никола Јокиќ по новиот пораз на Денвер во четвртфиналата серија против Оклахома со кој тимот од Колорадо е пред елимианција.
Јокиќ оствари дабл-дабл од 44 поени и 15 скокови во натпреварот број пет, во кој Денвер имаше и водство од девет разлика на влезот на последната четвртина, но освен Србинот, потфрли целиот тим на Нагетс кој погоди само еден од 15 обиди од поле.
„Овој човек има поголема одговорност отколку било кој друг во НБА лигата и тоа не е фер, но така е. Ниту еден друг кошаркар не го води својот тим во поени, скокови и асистенции, а има многу фантастични играчи во лигата. Никој нема одговорност како него.
Мораме да ги споменеме Џамал Мареј и Мајкл Портер Џуниор. Кога сте ѕвезди морате да трпите и критики. Тие мораат да помогнат. Нивната задача е да играат подобро. И тие земаат голема плата. Мареј не е повреден, тој мора да игра подобро, тој е вториот најдобар играч во тимот. Браун играше добро, но во НБА ако играш со седум играчи и освоиш прстен, а да не довеше никој дург…“, изјави Баркли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

