НБА легендата со порака до Дончиќ: „Ти давам година, две и леташ надвор“

Легендарниот НБА кошаркар Јудонес Хаслем кој 20 години настапуваше во најсилното кошаркарско првенство имаше остра критика кон Лука Дончиќ гостувајќи на американски кошаркарски подкаст.

Хаслем изјави дека не верува во лидерските квалитети на словенечкиот кошаркар.

„Јас не сум ниту претседател, ниту генерален менаџер, но сум тип кој стои зад своите ставови. Ако не си тука и не го правиш тоа што јас мислам дека носи победа имаме проблем. Мора да сфатиш – овие 12 или 13 момци не можат да го прават тоа што ти можеш. И ако не дадеш вистински пример, ти давам година, две и леташ надвор. Тоа го мислам јас. Не велам дека е правилно или погрешно, но секогаш ќе кажам. Мојот најдобар играч мора да биде и лидер“, вели легендатана на Мајами.

Се вчитува...