Клубовите во НБА лигата се во златната кошаркарска ера. Истражувањата на магазинот „Форбс“ проценија дека ниеден клуб во НБА нема буџет по милијарда долари. Ова е прв пат од почетокот на истражувањето во НБА да нема клуб што е под „магичната“ граница.
Трета година по ред, најбогати се Њујорк никс. Богатството на клубот се проценува на 3,6 милијарди долари. Најсиромашни во богатото дрштво се Њу Орлеанс пеликанс со богатство од „само“ милијарда долари.
По „никси“ кои во однос на лани, годинава се побогати за девет проценти, следуваа ЛА лејкерс со богатство од 3,3 милијарди долари. Зад нив следуваат Голден стејт (3,1 милијарди), Чикаго (2,6), Бостон (2,5), Бруклин (2,3), Хјустон (2,1), ЛА клиперс (2,15), Далас (1,9) Мајами (1,7)…
Во споредба со ланската сезона најголем напредок во финанскиот дел има тимот на Филаделфија кој го зголемил богатството за 48 проценти и сега вреди 1,18 милијади долари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА