НБА лигата доаѓа во соседството?

Најсилното кошаркарско првенство во светот, НБА лигата би можела наскоро да дојде и во соседството. Имено, комесарот на првенството Адам Силвер најави можност одредени натпревари да бидат одиграни во Грција.

Натпревари од НБА лигата во минатото беа одржани во Велика Британија, Германија и Шпанија, а неодамна се одигра натпреварот помеѓу Детроит и Чикаго во Париз.

„Јанис повеќе пати ми има напоменато како му е многу важно да игра во Грција. Знам дека и раководството на Миловки го сака истото па бараме начин да организираме некој НБА натпревар во Грција. Таму луѓето живеат за кошарка“, изјави Силвер.

Се вчитува...