НБА лигата ја казни Филаделфија 76

Раководството на НБА лигата и ги одзема на Филаделфија 76 пиковите од втората рунда на драфтот во 2023 и 2024 година по истрага за неовластени потези за врбување на играчи надвор од сезоната.

НБА ја обвини Филаделфија дека била во преговори со слободните агенти Пи-Џеј Такер и Дануел Хаус надвор од датумите кога преговорите може службено да почнат. Такер со Филаделфија потпиша тригодишен договор вреден 30 милиони долари, а Хаус двогодишен вреден 8,4 милиони долари.

„Филаделфија во потполност соработуваше со НБА во истрагата и признавање на одлуката. Одиме напред фокусирани на сезоната која е пред нас“, стои во соопштението на франшизата од Пенсилванија. 

 

 

Се вчитува...